И Пендаровски реагираше за нападот врз секретарот на „Цар Борис Трети“ во Охрид

by Fokus

Претседателот на државата Стево Пендаровски на Фејсбук објави дека го осудува нападот врз секретарот на клубот на бугарската заедница во Охрид, Христијан Пендиков.

– Го осудувам нападот врз секретарот на клубот на бугарската заедница во Охрид, Христијан Пендиков. Ги повикувам надлежните институции да спроведат брза и темелна истрага, со соодветна одговорност и санкции за сторителите, напиша Пендаровски.

Поврзани новости