И Мицкоски им честиташе на фудбалерите: Колку сме, толку сме, токму сме

by Фокус

И лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, им честиташе на македонските фудбалери за победата над Грузија и пласманот на Европското првенство.

„Победа вредна 30 години и историски резултат. Честитки за јунаците кои со срце, вложена сила и талент покажаа дека Македонија може големи работи. Македонија ви се поклонува. Да ги поддржиме и ракометарите кои вечерва играат со Финска, да извојуваме уште една голема победа! Колку сме, толку сме, токму сме. Ние сме Македонци. Напред Македонијо“, напиша Мицкоски на фејсбук.

Поврзани новости