Екс-репрезентативецот Наумоски за „Фокус“: На Пандев треба споменик да му дигнеме!

by Fokus

Горан Пандев се покажа како најважниот играч на нашата селекција во последниот финален меч со Грузија, постигнувајќи го победоносниот погодок за пласман на Европското првенство. Противници на нашата селекција ќе бидат Холандија, Австрија и Украина.

Некогашниот македонски репрезентативен напаѓач Илчо Наумоски, во изјава за „Фокус“ не ја криеше радоста за успехот што го постигнаа нашите фудбалери.

„На Горан Пандев треба да му се дигне споменик. И нема што повеќе да се кажува. Без него немаше шанси да играме на сите натпревари. Елмас е невиден бисер, браво и за сите останати. Сега се е можно. Нема што да се оптеретуваме со нашите идни противници на ова натпреварување. Треба да се игра без притисок и се ќе биде како што треба“, ни изјави Наумоски.

Тој настапуваше за нашиот национален тим во периодот од 2003 до 2012 година и за тоа време настапи на 46 натпревари и постигна девет погодоци.

Јорданчо Цветаноски

Поврзани новости