И Кина ќе почне војна ако Тајван прогласи независност

by Фокус

Кина нема да се двоуми да почне војна доколку Тајван прогласи независност, изјави денеска во Пекинг портпаролот на Министерството за одбрана по средбата меѓу министерот за одбрана и неговиот американски колега во Сингапур.

-Ако некој се осмели да го одвои Тајван од Кина, кинеската војска нема да се двоуми ниту за момент да започне војна, без разлика колкава е цената – рече Ву Џијан, пренесувајќи ја изјавата на министерот за одбрана Веи Фенге за време на состанокот со американскиот колега Лојд Остин.

Пекинг вети дека ќе го „скрши“ секој обид на Тајван за независност, а Вашингтон ја повика Кина да престане со дестабилизација на островот со самоуправа.

На состанок во Сингапур за време на безбедносен форум, американскиот секретар за одбрана Лојд Остин му рекол на својот кинески колега Веи Фенге дека Пекинг треба да „се воздржи“ од каква било нова дестабилизирачка акција против Тајван.

Според кинеското Министерство за одбрана, Пекинг ќе го „скрши на илјада парчиња“ секој план за прогласување независност на Тајван.

Поврзани новости