Украина ми е подрага, но Русија е неуништлива, вели Милановиќ

by Фокус

Претседателот на Хрватска, Зоран Милановиќ, изјави дека Русија е неуништлива. Според него, тоа што го говори претседателот на Украина, Володимир Зеленски, води кон пораз. Милановиќ рече и дека не му е јасна изјавата на францускиот претседател, Емануел Макрон, дека Путин не смее да се понижува.

-Не знам кој ќе го постигне тој пораз. Украинската младина додека сите не изгинат? Тоа е една компликувана ситуација, за жал еднонасочна. Она што го говори Зеленски води кон пораз, руската чизма таму каде што ќе дојде, не заминува. Тоа е моќна воена сила. Можеме да се насладуваме поради нивната бавност, но за жал така е како е –  изјави Милановиќ.

Според хрватскиот претседател, Русите како непријатели се неуништливи.

-Украина ми е трипати подрага, но таму умираат луѓе. И ќе продолжат да умираат ако Украина се наговара да се бори вака, до последниот Украинец – рече Милановиќ.

Поврзани новости