И Илија Димовски останува без пасош, се жали дека нема да бегал

by Fokus

Обвинетиот од СЈО, Илија Димовски се жалел до Апелациониот суд, дека му е одземен пасошот и дека секоја среда треба да се јавува во судот, како извршување на мерките на претпазливост кои му ги определи судот.

Судиите од скопска Апелација ја отфрлија неговата жалба и го потврдија решението на Кривичниот совет на Одделението за организиран  криминал и корупција при Основниот суд Скопје 1 од Скопје.

Димовски во жалбата наведува дека не постои опасност од бегство, се јавувал на сите покани во СЈО, доколку имал намера да бега, ќе избегал досега.

Поврзани новости