Нема притвор за градоначалникот Тони Трајковски, останува само без пасош

by Fokus

За градоначалникот на Гази Баба, Тони Трајковски нема притвор, туку само му е одземена патната исправа и ќе мора да се јавува еднаш неделно во судот, што значи дека Апелациониот суд ја одбил жалбата на СЈО за Трајковски, обвинет во случајот ТНТ за незаконското уривање на објектот Космос.

– Ставот на овој суд да ја прифати одлуката на првостепениот суд и да не го прифати предлогот на СЈО за определување на мерката притвор према обвинетиот, го поткрепува фактот што обвинетиот се појави пред второстепениот суд и даде ветувања за присуство во понатамошниот тек на истата, па судот оцени, а имајќи ги во предвид сите околности на случајот и изнесените од страна на странките, дека ќе се постигнат целите на определените мерки на претпазливост, како мерки за обезбедување присуство на обвинетиот и за непречено водење на кривичната постапка“, пишува во образложението на одлуката.

Поврзани новости