И Франција го повика Иванов да не ја блокира новата влада

by fokus

-Франција со големо внимание ги следи најновите политички случувања во Скопје. Земјата ги повикува сите страни на воздржаност, чувство на одговорност и дијалог и да ја искажат својата посветеност кон регионалната стабилност – порача денеска Арлем Дезир, Државен секретар на Франција за европски прашања.

Тој потенцираше дека Уставот, резултатите од парламентарните избори од 11 декември и демократските принципи мора да се почитуваат.

-Ние ја поддржуваме заложбата на Високиот претставник на Европската унија за надворешни работи и безбедносна политика, Федерика Могерини за излез од политичката криза, за време на нејзината неодамнешна посета на Република Македонија и апелираме за брзо формирање на влада која ќе ги спроведе реформите како предуслов за натамошно приближување на земјата кон Европа – порача Дезир.

Поврзани новости