Репортери без граници: Власта да го расветли насилството врз новинарите

by fokus 22:48
22:48

Меѓународната организација Репортери без граници (РСФ) ги осуди нападите на македонски новинари за време на протестите во Скопје.

Од таму побараа власта да го расветли насилството и да гарантира безбедност на медиумските работници.

-Во овој тензичен контекст, ги повикуваме сите политичари да делуваат со воздржаност и да избегнат ексалација на насилството. Исто така, бараме властите да ја гарантираат безбедноста на новинарите за тие да можат да си ја вршат работата како што треба- порача Полин Аде-Мевел, шеф на дескот на РСФ за ЕУ и Балканот.

Во соопштението на РСФ се споменуваат физичките и вербалните напади на новинарите на „А1он“ Александар Тодевски и Владимир Желчевски, Ана Петрушева од БИРН и Борјан Јовановски од „Нова ТВ“.

Поврзани новости