МВР: Две лица осомничени за вандализмот во Битола

by fokus

Министерството за внатрешни работи повика две лица на разговор под сомнение дека учествувале во нападот врз Музејот на албанската азбука во Битола.

Според полицијата, врз музејот биле фрлени неколку молотови коктели а на шишињата биле најдени отисоци од прсти од засега неидентификувано лице. Покрај ова, на ѕидовите на музејот биле нацртани и фашистички симболи.

Музејот досега неколкупати беше цел на напади но засега ниту еден не е расветлен.

Поврзани новости