И Франција го осуди вчерашното насилство

by fokus

Амбасадата на Франција преку соопштение истакна дека официјален Париз со голема загриженост ја следи состојбата во Република Македонија и силно ги осудува насилствата што се случија вчеравечер во Собранието по изборот на новиот претседател.

-Сите политички лидери мора да преземат одговорност и да го изберат патот на дијалогот. Франција смета дека е од суштинско значење почитувањето на Уставот, демократските принципи и институциите. Употребата на насилство само ќе доведе до зголемување на тензиите, се вели во реакцијата.

Франција ги повикува сите страни да останат смирени и потсетува дека само конструктивен политички дијалог ќе овозможи трајно стабилизирање на земјата.

Поврзани новости