Чавков: Немавме сознанија дека протестите ќе станат насилни, не се плашам од Заев

by fokus 18:55
18:55

Директорот на бирото за јавна безбедност, Митко Чавков, попладнево се појави и одржа прес конференција на која рече дека полицијата немала сознанија за насилни настани и протестите ги обезбедувале како и секој ден.

-Досега оперативниот штаб немаше регистриран инцидент. Немаше дојава за инцидент, затоа полицијата стандардно со ист број на полицајци го обезбедуваше Собранието. За жал по завршувањето на седницата се случија инциденти кои предизвикаа револт кај граѓаните. Какви биле проценките на тие што го планирале сценариото не знаеме, но очигледно тоа ги зголеми безбедносните ризици. Треба време и анализа зошто тие што стоеја зад сценариото тоа го реализираа после 18 часот кога знаат дека тогаш се случуваат протестите. Имаше обиди полицијата да го спречи влезот на масата луѓе, но употребата на сила можеше да предизвика жртви, рече Чавков.

- Advertisements -

Тој додаде дека полицијата почнала со употреба на сила кога била неопходна интервенција и кога била загрозена безбедноста на лицата внатре со цел нивна евакуација.

Чавков на лидерот на СДСМ, Зоран Заев му порача дека цела кариера ја поминал служејќи на државата и работел професионално во полза на Македонија и граѓаните затоа, како што рече, не може да го заплашат заканите и од него и од криминалните структури со кои тој е во спрега.

Поврзани новости