И два ресторани во Скопје затворени бидејќи работеле после 18 часот

by Фокус

Покрај оној во Тетово, и два угостителски објекти во Скопје, еден од Аеродром и еден од Карпош, се затворени, а нивните сопственици санкционирани, бидејќи во контролите на СВР Скопје и Државниот пазарен инспекторат било утврдено дека работат по дозволеното работно време кое поради пандеијата предизвикана од коронавирусот е до 18 часот.

„На 25.12.2020 во 18:55 часот на подрачје на Аеродором при извршена контрола на угостителски објект од полициски службеници на СВР Скопје во содејство со Државниот пазарен инспекторат, утврдено е дека објектот работи по дозволеното време и во него имало шест гости, при што околу 19:00 часот се лишени од слобода Б.Т.(60) и И.Д.(34) двајцата од Скопје, бидејќи истите не ги почитувале наредбите на полициските службеници да го напуштат објектот. Приведена е и Л.М. (55), одговорно лице во објектот. По целосно документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни пријави“, информираат од МВР.

Исто така, вчера во период од 18:00 до 22:00 часот на подрачје на Карпош при извршена контрола на угостителски објект од полициски службеници на СВР Скопје во содејство со Државниот пазарен инспекторат, констатирано е дека угостителскиот објект во сопственост на И.Ч.(26) од Скопје работи по дозволеното време и во него имало гости.

Поврзани новости