Бајден му испрати писмо на Заев: Очекувам интензивна соработка

by Фокус

Премиерот Зоран Заев прими писмо од новоизбраниот претседател на САД Џозеф Бајден, во кое тој се заблагодарува за честитките на премиерот Заев по повод неговиот избор за претседател на САД, информира владината прес-служба.

„Новоизбраниот претседател Џозеф Бајден, во свое име и во име на потпретседателката Камила Харис, со благодарноста за честитките истакнува дека тој стапува на должност во услови на исклучително сериозни глобални предизвици – од коронавирусот до климатските промени – кои ги надминуваат државните граници и за кои е неопходна меѓународна соработка“, стои во соопштението од Владата.

Во писмото, Бајден пишува дека очекува интензивна соработка помеѓу него и премиерот Заев на овие и на други прашања од интерес на двете земји и двата народа.

Поврзани новости