И домаќинствата се дел од проблемот со аерозагадувањето, велат од Влада

by Fokus

Проблемот околу аерозагадувањето во земјава е повторно актуелна тема со почетокот на грејната сезона и загрижувачките бројки од нивото на загаденост.

Портпаролот на Владата, Душко Арсовски порача дека Владата ги презема сите мерки, за да се ублажи загадувањето во Северна Македонија.

„Ќе кажам дека со мерките не е застанато. Програмата за намалување за аерозагадувањето е при крај со нејзината реализација. И затоплувањето на домаќинствата е дел од проблемот. Тоа не може да се реши за кусо време“, истакна Арсовски.

Поврзани новости