Собранието расправа за легислативно регулирање на носењето маски на отворено

by Fokus

Пратеници од власта и од опозицијата поднесоа амандмани на измените и дополнувањето на Законот за заштита на населението од заразни болести, што започнаа да се разгледуваат на матичната Комисија за здравство. Амандмани имаат поднесено пратеници од власта и од Алијанса и Алтернатива.

Првиот амандман е поврзан со мерките на Владата за носење маска на отворено, групирање на отворен простор и задолжителна самоизолација во период на тестирање. Се предвидува ова да бидат времени мерки. Министерот за здравство го прифати амандманот и тој ќе биде составен дел од Законот.

Опозицијата реагираше зошто Владата и Министерството за здравство амандманите се доставени пред почетокот на Комисијата, а според координаторот на пратеничката група Никола Мицевски некои од амандманите тие веќе се предложени и од опозицијата.

Поврзани новости