И денеска пеколни температури

by fokus

Синоптичарите и за денеска најавуваат сончево и многу топло време со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 15 до 22, а максималната ќе достигне од 33 до 40 степени. УВ-индексот ќе биде 10. Во Скопје сончево и многу топло со слаб ветер од променлив правец.

Минималната температура ќе се спушти до 21, а максималната ќе достигне до 38 степени. – Подрачјето на нашата земја и во следниот период ќе биде под влијание на топол бран.

Ќе се задржи многу топло време со дневни температури во поголемиот дел од земјава над 35, а наместа и над 40 степени поради што ќе биде активно портокалово ниво на опасност од високи температури.

УВ индексот ќе има многу висока вредност 10, известуваат од УХМР.

Поврзани новости