565
Движењето БЕСА и Партијата за демократски просперитет (ПДП) имаат ист став по прашањето за изборниот систем. Бараат негова промена и воведување на една изборна единица. Исто така, сметаат дека треба да листите треба да бидат отворени.
-Со сегашниот изборен модел, малите партии станаа заложници на големите, кои ги води една група па дури и еден човек. Со една изборна единица и со отворени листи, политичките одлуки ќе се носат побалансирано, вели Билал Касами од Беса.
Претседателот на ПДП, Неџат Беџети, смета дека со сегашниот изборен систем Македонија оди кон диктатура, а наместо тоа државата треба да се демократизира и да не биде под влијание на две политички групи.