„Хулиганите од последните протести вчера и денеска ги нападнаа имотите на Албанците и граѓаните на Старата Чаршија и на плоштадот Скендербег. Ги повикуваме граѓаните да бидат воздржани и претпазливи и да не потпаѓаат на провокации и темни сценарија.
Ги повикуваме партиите од власта, носителите на институциите, да не ја оптоваруваат ситуацијата со политички клевети, туку да ги заштитат граѓаните и да не ги тераат Албанците да се самоодбрануваат како што се случи денеска во Скопје, да го заштитат својот имот, егзистенција, националните херои и нивните животи.“, велат од Алијанса.
„Вечерва го видовме вистинското лице и 20-годишните сценарија на Артан Груби, кој заедно со Мијалков со другите и во минатото ги видовме како наместо да ги бранат Албанците, ги изложија на мрачни сценарија со цел само за заштита на нивниот криминал.
Да потсетиме дека, токму Агим Нухиу на 27 април 2017 година ги остави хулиганите во Собранието да влезат за да го убијат Зиадин Села, додека денеска Назим Буш им дозволува на хулиганите да влезат во албанските дворови и на плоштадот Скендербег. Јавно прашуваме, дали ова сценарио било договорено и на средбите на Али Ахмети со рускиот и српскиот амбасадор?“, се наведува понатаму во соопштението.