АЕК: Пристап до интернет преку мобилен имаат 1,5 милион граѓани

by Fokus

Со пристап до интернет со широк и тесен опсег преку мобилна мрежа заклучно со четвртиот квартал минатата година биле 1. 458. 377 претплатници.

Податоците на Агенцијата за електронски комуникации покажуваат дека најголем удел во бројот на претплатници по тој основ со 48,66 проценти  има А1 Македонија, по што следат Македонски Телеком  со 47,50 проценти, Лајкамобајл со 2,05 проценти, Роби со 1,64, Греен мобие со 0,12 и МТЕЛ со 0,03 проценти.

Бројот на активни претплатници во мобилната телефонија на крајот на 2022 година  достигна 1. 932. 871. Од нив, 739. 078 се при-пеид претплатници,  944. 394 резиденцијални пост-пеид, а 249. 399 деловни пост-пеид претплатници.

„ Во вкупниот број на активни претплатници во четвртиот квартал лани, Македонски Телеком и А1 Македонија имаат по 47,83 проценти удел, Лајкамобајл 2,88, Роби 1,23, МТЕЛ 0,12 и Греен мобиле 0,11 проценти“, покажуваат податоците од АЕК.

По основа на приходи од обезбедување на мобилни комуникациски услуги (малопродажно ниво) во четвртиот квартал лани најголем удел има Македонски Телеком, 51,12 проценти, пред А1 Македонија, 47,20 проценти, Роби; 0,86 проценти, Лајкамобајл, 0,66 проценти, Греен мобиле, 0,12 проценти и МТЕЛ, 0,03 проценти.

 

 

Поврзани новости