Хрватскиот премиер и министерот за здравство ќе се вакцинираат со АстраЗенека

by fokus 17:15
17:15

Премиерот на Хрватска, Андреј Пленковиќ, министерот за здравство и претседателот на Саборот, Вили Берош и Гордан Јандроковиќ утре ќе ја примат вакцината против Ковид-19 на АстраЗенека.

Како што објави портпаролот на хрватската Влада, Марко Милиќ на Твитер, имунизацијата на тројца хрватски функционери ќе биде јавна.

- Advertisements -

Тие ќе ја примат вакцината во Бански двори, односно во просториите на хрватската Влада.

Поврзани новости