Обвинителство: Извршен е претрес во повеќе објекти за истрагата „Плацеви на Водно“

by fokus

Откако денеска беше објавена информација дека по наредба на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, бил извршен претрес во станот на бегалецот Никола Груевски, од Обвинителството ја потврдуваат информацијата, без да соопштат многу детали.

-По барање на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција денеска е извршен претрес во повеќе објекти. Претресот е во рамки на истражните дејствија во предметот во јавноста познат како „Плацеви на Водно“.
Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција продолжува во континуитет да презема дејствија во насока на целосно расчистување на предметот, се наведува во соопштението на Обвинителството.

Поврзани новости