474
Државниот инспекторат во Хрватска изрече 151 казна во вкупна вредност од 234.000 евра за економските оператори кои прибегнале кон нефер деловни практики по усвојувањето на еврото како законско средство за плаќање во Хрватска на 1 јануари, објави денеска хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ.
– Проверките ќе продолжат, рече хрватскиот премиер.
Тој истакна дека Владата има три типа мерки за справување со неоправданите поскапувања – отстранување на субвенциите, наметнување даноци и враќање на цените на претходното ниво.
Пленковиќ потсети дека минатата година Владата усвои три пакети помош во вкупна вредност од 3,6 милијарди евра за да им помогне на домаќинствата и бизнисите да се справат со кризата.