Хрватка и Албанка работеле како танчерки во Тетово

by fokus

Две жителки на Хрватска и Албанија биле затекнати во угостителски објект во Тетово, при што биле предадени за понатамошна постапка во полиција, пренесува МВР.

„Во Тетово на улицата „Коле Неделкоски“ во угостителски објект полициски службеници од СВР – Тетово околу 00,30 часот извршиле контрола и ги затекнале А.Џ.(30) од Р.Хрватска и Ф.С.(23) од Р.Албанија, кои работеле како танчерки. Тие биле приведени во полициска станица за понатамошна постапка“, велат од Министерството за внатрешни работи.

Поврзани новости