Хојт Ји на средби со политичките лидери, но и со Иванов и Џафери

by fokus 11:22
11:22

Заменик помошникот државен секретар на САД за Европа и Евроазија Хојт Брајан Ји, денеска и утре ќе престојува во посета на Република Македонија за време на која ќе се сретне со државниот врв и со лидерите на политичките партии застапени во Парламентот.

Ји ќе се сретне со претседателот на државата Ѓорге Иванов, со лидерите на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, на СДСМ Зоран Заев, на ДУИ Али Ахмети, на БЕСА Билал Касами, со Весел Мемеди од Алијансата на Албанците и со Мендух Тачи лидерот на ДПА, како и со како што се наведува во соопштението од Амбасадата на САД, претседателот на Собранието Талат Џафери.

- Advertisements -

Според агендата, тој треба да оствари средба и со претставници на граѓанското општество и на дипломатската заедница.

На состаноците, како што се посочува, ќе се разговара за статусот на формирање влада, билатералните односи, и реформите потребни за евро-атлантска интеграција.

Предвидено е по средбите заменикот државен секретар Ји утре попладне да даде изјава за медиумите.

Поврзани новости