Повик за протест пред куќата на скопјанецот кој вчера закла куче

by fokus

Граѓани и активисти денеска од 13 часот повикуваат на протест пред куќата на човекот кој вчера крвнички со секира и шипка го уби маалското куче Идриз, пред кафулето Радио Бар во Дебар Маало. Под паролата „Правда за Идриз“ граѓаните бараат одговорност и соодветна казна за возрасниот маж.

„Да го користиме секој начин за да го чувствува притисокот за одвратното злодело“, повикуваат активистите.

Според последните информации од активистите, убиецот на кучето ноќта ја поминал во полициска станица. Претходно граѓани на лице место го посведочија грозоморниот чин, реагираа и се прошири веста низ социјалните мрежи, а потоа се собра критична маса на протест. На локацијата дојдоа и повеќе полициски службеници.

Поврзани новости