483
Сите членови на Владата, вклучително и вицепремиерот Хазби Лика, ги реализираат своите обврски и задачи предвидени со законските прописи, вели владиниот портпарол Мухамед Хоџа, откако порталот Сакам да кажам објави дека Лика не доаѓа на работа поради тоа што дошол во конфликт со лидерот на ДУИ Али Ахмети.
– Вицепремиерот Хазби Лика доаѓа на работа и секојдневно ги извршува своите обврски, рече на денешната прес-конференција Хоџа, објаснувајќи дека без проблеми се одвива и постапката за прераспределба на вработените во Секретаријатот за рамковен договор кои не одеа на работа.