Вицепремиерот Лика не оди на работа зашто му е лут на лидерот Ахмети

by Фокус

Вицепремиерот за спроведување на рамковниот договор Хазби Лика веќе два месеци не оди на работа, бидејќи, како што објави Сакам да кажам, е револтиран од лидерот на ДУИ Али Ахмети, кој во една внатрепартиска битка не го поддржал, туку застанал на страната на друг висок партиски функционер.

Според проталот, поради тоа што Лика не доаѓа на работа, блокирано е и прераспределувањето на вработените по Рамковниот договор кои не одат на работа, а земаат плата на места кои се соодветни на нивното образование.

Лика не присустувал на владина седница, а не се појави ниту на семинарот РОС-РОТ, организиран минатата недела од парламентарното Собрание на НАТО што се одржа во Собранието, иако беше најавен како еден од говорниците.

Поврзани новости