Хероин пронајден кај затвореник

by Fokus

СВР Штип поднесе кривична пријава против М.Ш.(26) од с.Лабуништа, струшко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори.

-Пријавениот, кој се наоѓал на издржување на казна во КПУ Затвор Штип, организирал и набавил хероин, кој во пакет со други продукти му бил доставен преку брза пошта во затворот, со намера да го продава.

При контрола на затворските службеници хероинот бил пронајден и одземен.

Поврзани новости