Хеликоптер гасне пожар кај езеро Мантово

by fokus

Центарот за управување со кризи (ЦУК) попладнево соопшти дека голем пожар се шири кај езерото Мантово. Гори сува трева, грмушки и нискостеблести растенија на површина од околу 20 хектари.

Пожарот во еден дел навлезе и во тешко проодна квалитетна мешовита шума.

Од ЦУК велат дека за да се спречи ширење на пожарот во квалитетната шума ангажиран е еден хеликоптер на МВР.

Поврзани новости