Хегемонистичкиот пристап на дел од соседите и недоволната волја на ЕУ нѐ остави во ходникот, рече Мицкоски

by fokus

Mакедонскиот народ е единствен во Европа кој што изминативе повеќе од две децении и покрај сите отстапки кои што ги направи за тие вредности и во името на тие вредности, се уште се наоѓа во ходникот, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешната конференција во организација на Паневропската унија на .

-Ниту една држава која што претходно беше дел од поранешниот Варшавски блок ги немаше, како што тоа го имаше македонскиот народ, да биде уценувана, да биде шиканирана, да и биде ставано вето за причини кои што немаат никаква врска со Копенхагешките критериуми, туку исклучиво поради себични причини, атак и удар врз нејзиниот идентитет, култура, традиција, обичаи.

И затоа кога зборуваме за заслугите кон патот на еден народ во современа Европа, антифашистичка Европа после Втората Светска Војна и припадноста кон европските вредности на самата ЕУ дефинирани од Аденауер, Шуман и Де Гаспери.

Тогаш можам да кажам дека македонскиот народ е единствен во Европа кој што изминативе повеќе од две децении и покрај сите отстапки кои што ги направи за тие вредности и во името на тие вредности, се уште се наоѓа во ходникот.

И поради хегемонистичкиот пристап за жал на одредени наши соседи и би рекол недоволната волја во рамките на самата ЕУ сепак се наоѓаме се уште во ходникот, а не можеме да преговараме бидејќи видовме кога има јасно изразена волја во самата ЕУ како се решаваат проблемите на последниот декемвриски самит, додаде тој.

Поврзани новости