Харадинај: Ова е почеток на враќањето на Србија и Русија на Косово

by fokus

Поранешниот косовски премиер, Рамуш Харадинај вечерва оцени дека Албин Курти им се  предал на Србите со одлуката да ги суспендира таксите на увозот на сировини од Србија и БиХ.

„Вечерва измамникот Албин и се предаде на Србија. Ова е почеток на враќањето на Србија и Русија на Косово“, напиша Харадинај на Фејсбук .

Харадинај, чија влада ја воведе таксата од 100 отсто кон крајот на 2018 година, му порача на Курти и дека денеска е одговорен за „повторно освојување на Косово од страна на Србија“.

Поврзани новости