Хан со видео-обраќање до Македонија: Бомбите ги потврдија нашите сомнежи за корупција

by Фокус

-Македонија се соочува со најтешката политичка криза изминативе години. Кризата дополнително се продлабочи со објавувањето на прислушуваните разговори. Овие откритија ги потврдија сериозните сомнежи за политичко вмешување и корупција на високо ниво на кои Комисијата укажа и во претходните извештаи, рече еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан, во денешното видео-обраќање до Македонија.

Тој додаде дека денес главен предизвик за лидерите на Македонија е  да ги исполнат нивните заложби спроведувајќи го договорот од Пржино и изрази убедување дека тој договор е најдобар начин да се надмине кризата.

-Денес главен предизвик за вашите лидери е да ги исполнат нивните заложби спроведувајќи го договорот во добра волја и посветувајќи се во целост на Итните реформски приоритети а да го подобрат владеењето на правото во вашата земја.  Комисијата ја разгледува можноста за продолжување на препораката под услов да биде целосно имплементиран договорот потпишан од лидерите на четирите најголеми политички партии, рече Хан.

 

 

Поврзани новости