442
Без да ја именува ВМРО-ДПМНЕ, еврокомесарот Јоханес Хан изјави дека сфаќа дека на некои луѓе им е тешко да заминат од власт во опозиција. Ова тој го изјавил во своето обраќање на состанокот на Заедничкиот парламентарен комитет ЕУ- Македонија свикан на иницијатива на словенечкиот европратеник Алојз Петерле (ЕПП).
Она што го видовме минатата недела е нешто што јас, искрено, не го очекував. Ова е невозможно, но, очигледно, се може да стане можно. Ова насилство во парламентот е апсолутно неприфатливо, рекол Хан.
Тој додал дека очекува целосна истрага на настаните со “правни последици”, напоменувајќи дека институциите за спроведување на законите не ја вршат својата работа подолго време.