Могерини: Спикерската позиција е надпартиска и надетничка

by fokus

Шефицата на ЕУ дипломатијата, Федерика Могерини, денеска се сретна со новиот спикер на Собранието, Талат Џафери во Брисел, „на неговото прво официјално патување во странство”, се вели во нејзиното соопштение по средбата.

Могерини подвлече дека оваа функција “мора да биде над партиската и меѓу-етничката политика а претседателот треба да работи во корист на сите граѓани и заедници”.

-ЕУ е подготвена да работи со него, со Собранието и со сите други институции за да оди напред во Итните приоритетни реформи како и примената на договорот од Пржино, вели Могерини.

 

Поврзани новости