Хан: Лидерите да го вратат владеењето на правото

by fokus

Еврокомесарот Јоханес Хан синоќа го поздрави постигнувањето на договор меѓу лидерите на партиите потписнички на Договорот од Пржино за одржување на избори на 11 декември.

-Ги поздравувам добрите вести од Скопје, договорот на партиите треба да отвори пат за кредибилни избори, со фер избор за граѓаните. Лидерите сега мора да се посветат на реформите во областа на владеењето на правото и да ја вратат земјата на евроатланскиот пат, напиша Хан на својот твитер профил.

Во заедничкото соопштение со високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Федерика Могерини, се вели дека европските челници сега „апелираат до сите политички партии строго да ја почитуваат веродостојноста на изборниот процес за да им овозможат на сите граѓани слободен избор и по изборите да се изгради влади која ќе се справи со клучните реформи и ќе работи за интересите на сите граѓани“.

Поврзани новости