Две обвинителки од СЈО на седницата за „Шпион“ во Апелација

by fokus

Во Апелациониот суд утрово започна јавната расправа за случајот „Шпион“ на која Специјалното јавно обвинителство треба да се произнесе за жалбите на обвинетите на првостепената пресуда од Кривичниот суд.

Како претставници на Специјалното јавно обвинителство во Апелациониот суд пристигнаа две обвинителки од неговите редови.

Јавните седници за случајот „Шпион“ повеќепати беа одложувани бидејќи на СЈО му беше потребно време за детално разгледување на доказите. Сега опциите се да ги поддржи или ќе ги отфрли жалбените наводи на одбраната за случајот во кој сите деветнаесет обвинети беа прогласени за виновни.

Поврзани новости