Хан: Ќе го прославиме она што го постигнавме со идна Северна Македонија

by fokus

Министрите за надворешни работи на членките на ЕУ денеска во Букурешт ќе одржат неформален состанок со шефовите на дипломатиите на земјите кандидати за членство во Унијата.

Неформалната средба на шефовите на дипломатиите на ЕУ во Букурешт почна вчера, кога еврокомесарот за проширување Јоханес Хан информира дека една од темите на денешниот состанок ќе биде редовен преглед на ситуацијата на Западен Балкан.

– Ќе го прославиме она што го постигнавме со идна Северна Македонија. Тоа, се надевам, ќе придвижи понатамошна позитивна динамика во регионот и ќе стимулира повторно придвижување на дијалогот меѓу Белград и Приштина, истакна вчера Хан.

Домаќин на средбата е шефот на романската дипломатија Теодор Малешкану, чија земја е актуелен претседавач со Унијата, а со собирот ќе претседава високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини.

Романија при преземањето на претседателството со Европскиот совет на почетокот на годината, најави дека нејзини приоритети во овие шест месеци ќе бидат зголемување на кохезијата меѓу земјите членки на Унијата, зачувување на безбедноста, јакнење на улогата на Унијата како глобален лидер и проширувањето на ЕУ.

Поврзани новости