Хан ја откажа утрешната посета на Босна и Херцеговина

by Фокус

Еврокомесарот за соседска политика и проширување, Јоханес Хан, ја откажа посетата на Босна и Херцеговина, која беше закажана за утре. Тој требаше да присуствува на тркалезната маса на лидерите на водечките политички партии во БиХ, посветена на постигнување договор за пакетот реформски мерки.

-Апелирам до сите политички лидери и институции на сите нивоа на власта во БиХ да сторат се што е во нивна моќ за да ја финализираат и да почнат да ја спроведуваат Програмата за реформи, кои и се итно потребни на земјата за да обезбеди просперитет и да напредува кон ЕУ, вели Хан во писмената изјава за одложување на тркалезната маса.

Тој ги повика властите на Босна и Херцеговина да ги исполнат преземените обврски кон Европската унија, но и кон своите граѓани.

Поврзани новости