Ново задолжување од 97 милиони евра

by Фокус

Собранието на Република Македонија денеска по скратена постапка изгласа ново задолжување од 97 милиони евра. Македонија ќе го земе овој кредит од Банката за развој при Советот на Европа за изградба и модернизација на Клиничкиот центар во Скопје и регионалната клиничка болница во Штип.

-Реализацијата на проектот за изградба и модернизација на Клиничкиот центар претставува историски момент во здравството на Република Македонија. Проектот претставува столб на реформите во македонското здравство. Со него се овозможува консолидација на здравствениот систем на земјава согласно европските стандарди, рекоа од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

Пратеничката од опозицијата, Солза Грчева, праша каде оделе парите од досегашните задолжувања кога за првпат од 2010 година, сега Неврологија нема своја компјутерска томографија.

Поврзани новости