Бунт на мигрантите во Центарот во Гази Баба: „Сакаме слобода“

by Фокус

Мигрантите кои се сместени во Центарот за мигранти во Гази Баба од утрово започнале бунт и бараат да бидат префрлени во  Центарот за азил во Визбегово. Ова за НОВА ТВ го потврдиле и од Министерството за внатрешни работи.

-Мигрантите бараат да бидат префрени во Центарот за азил во Визбегово, но мора да се почитуваат процедурите. Ние се трудиме максимално, но процедурите се такви, изјавила Деана Недељковиќ, советник за односи со јавност во МВР.

Претходно жителите на Гази Баба снимија видео на кое се слуша бука од Центарот, а мигрантите извикуваат „Сакаме слобода“.

Поврзани новости