Хан доаѓа во Скопје идната недела

by Фокус

По изјавите на премиерот Никола Груевски дека нема услови за лидерска средба и вчерашниот прес на Зоран Заев кој преговорите ги прогласи за неуспешни, од Европската Комисија денеска преку писмено соопштение алармираат дека нема време за губење, лидерите треба да се однесуваат одговорно и констуктивно и да работат посветено да се реши големиот проблем. ЕК најавува и посета на еврокомесарот Јоханес Хан во Скопје во првите денови од наредната недела.

– Разговорите помеѓу политичките лидери се во критична состојба. ЕУ очекува сите тие да се однесуваат одговорно и конструктивно, и да работат посветено и во доба волја да се реши големиот проблем. Со оглед на предизивиците со кои се соочува земјата, нема време за губење. Потсетуваме дека четворицата лидери потпишаа договор на 2 јуни, кои го реафирмираа потоа на 19.јуни. Овој договор е основата за краен компромис. Тие мора да ги имплементираат заложбите кои ги направија, а интересеот на земјата да биде во преден план. Комесарот останува во близок контакт со лидерите и планира посета на Скопје во првите денови на наредната недела. Компромисот е есенцијална алатка во демократијата. Политичката енергија треба да се фокусира не на партијата, туку на реформите кои се потенцирани во препораките на Европската комисија, се вели во соопштението на Европската комисија.

Поврзани новости