ГРЕКО: Одлуката за „бомбите“ треба да ја донесе независен суд!

by Фокус 10:44
10:44

Судовите самите треба да ја испитаат и да се справат со содржината од опозициските „бомби“, особено со тие што се однесуваат на назначувањето судии, изјави претседателот на европската организација за борба против корупцијата ГРЕКО и судија во Врховниот суд на Хрватска, Марин Мрчела, кој учествува на меѓународна конференција на тема „Антикорупција: Најдобри практики во борбата против јавната корупција“, што се одржува во Охрид.

Според Мрчела, конечната одлука за „бомбите“ треба да ја донесе независен и непристрасен суд.

- Advertisements -

– Треба да се види дали станува збор за политички мотивиран процес или навистина постои нешто во практика. Затоа судовите и обвинителите треба да ја завршат својата работа и секое коментирање од страна на политичарите за сите процеси кои се во тек би било непримерно. Сето ова треба да се истражи, да се види дали нешто има и ако има, да се процесуира и потоа независен и непристрасен суд треба да донесе одлука која сите треба да ја почитуваат, истакна Мрчела.

На конференцијата во Охрид учествува и јавниот обвинител, Марко Зврлевски, кој одби да даде изјава за медиумитеза тоа, дали обвинителството ги разгледува кривичните пријави поднесени од опозицијата во врска со материјалите од „бомбите“.

Поврзани новости