АЕК ќе потроши речиси еден милион евра за рекламирање!

by Фокус

Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) ќе потроши речиси еден милион евра, или точно 975.172 евра, за реклами. Поточно АЕК на сајтот на Бирото за јавни набавки објави склучен договор , во кој пишува дека е за услуги за изработување и промовирање на стратегија за подигање на свесноста кај јавноста за улогата и функцијата на Агенцијата за електронски комуникации и сите нејзини услуги.

Милионскиот тендер го добило Друштво за издавачка и уметничка дејност, трговија и услуги ТРЕТО УВО ДООЕЛ експорт-импорт Скопје.

Ваков тендер АЕК склучи и во 2013 година, кога за истата услуга беше ангажирана Агенција за маркетинг,комуникации и услуги ОМЕГА КОМУНИКЕЈШН ДООЕЛ увоз-извоз Скопје, за сума од 990.530 евра.

Поврзани новости