Хамас ослободи четиригодишно девојче со израелско-американско државјанство, Бајден ја потврди веста

by Fokus

Меѓу 16 ослободени заложници, кои ги држеше Хамас, денеска беше ослободено и четиригодишно девојче, Авигејл Едан, со израелско и американско државјанство.

„Таа е слободна и сега е во Израел“, изјави Џо Бајдем. „Она што таа го издржа е незамисливо“, рече тој, додавајќи дека очекува Хамас да ослободи уште Американци.

Четиригодишната Едан беше заробена од терористите на Хамас на 7 октомври додека се криела во домот на нејзиниот сосед, семејството Бродуч, во Кибуц Кфар Аз.

Нејзиниот татко, Рои Едан, беше фотограф на Ynet кој рано утрото на 7 октомври истрчал надвор за да ги сними првите снимки на милитантите на Хамас, на змејови на небото над кибуцот.

Кога сфатил колку е сериозна ситуацијата, Едан побегнал дома, каде членовите на Хамас веќе влегле и ја убиле неговата сопруга Смадар.

Трите деца на парот, Мајкл, Амалија и Авигејл, излегле надвор кај нивниот татко, но кога Хамас се приближил, Мајкл и Амалија побегнале назад во куќата, додека Авигејл истрчала кај соседот. Едан бил застрелан и тешко повреден од напаѓачите на Хамас, а подоцна починал од повредите.

Мајкл и Амалија, на возраст од 9 и 6, се криеле во плакарот во нивниот дом во следните 14 часа, разговарајќи со диспечер кој одржувал контакт со Мајкл по телефон. Му рекол да ја заклучи вратата и да не пушта никого, „додека не дојдат добрите луѓе“.

Авигејл, како и нејзините браќа, сестри и мајка, е државјанин на САД. Таа наполни четири години на 24 ноември додека беше притворена во Газа.

Поврзани новости