Халити од ромската фондација за Европа: Ние Ромите мораме да одиме напред и да градиме широки коалиции за промени за подобро утре

by Fokus

„Најлесно е да ја обвиниме ЕУ и националните влади за нашата состојба. Од друга страна, најлесно би било на нас и на државата да се осудуваме меѓусебно за нашата состојба. Вистината е некаде на средина. И ние и државата треба да работиме подобро и поинаку за да живееме попросперитетно. Ние како фондација го направивме својот избор. Рековме дека без оглед на тоа што сега имаме повеќе непријатели отколку што сме имале пред 20 години, и имаме многу помалку пријатели кои заеднички ќе се борат со нас да ја промениме својата ситуација, ние мораме да одиме напред и да градиме пошироки коалиции, кроссектори, приватен и јавен сектор и меѓународна заедница како коалиција за промени за да можеме да осигураме нашата благостостојба“, изјави Менсур Халити, основач на Фондацијата Ромите за демократија на настанот „Добро за Ромите, добро за Северна Македонија“.

Тој додаде дека националните влади на Западен Балкан треба да ги користат политичките шанси кои се пред нив и да сфатат дека политиката на омраза и политика на разединување и политика која се базира на лаги не им е од помош на фрустрацијата која ја чувствуваат Ромите.

„Не велам дека сите други на Балканот, вклучително и Македонија живеат подобро, но велам дека ние диспропорционално живееме полошо, не сме сите еднакво сиромашни и немаме сите еднакви шанси да направиме прогрес за себе и за своето семејство, заедницата и да придонесуваме во државата во која живееме. Националните влади имаат три големи политички шанси. Го имаат Отворен Балкан, зелената агенда за Балкан, и го имаат новиот план за развој. Сите овие се значајни политички шанси кои ако се искористи демографскиот и човечкиот потенцијал кои ромите ги имаат, да се зајакне културниот придонес на ромите, и економскиот потенцијал на ромите. Тогаш нашата заедничка иднина апсолутно има смисла. Тоа е пат во кој ние веруваме дека може да биде добар и за ромите и за Македонија и за Западен Балкан и за ЕУ“, заклучи Халити.

Поврзани новости