Хакиран мобилниот телефон на албанскиот претседател Мета

by Fokus

Хакиран е мобилниот телефон на албанскиот претседател Илир Мета и злоупотребен со испраќање смс пораки како да се од него, информираше портпаролот Теди Блуши.

Осудувајќи го овој чин, рече дека тоа се очајни дела на оние кои ги „купиле и украле пратеничките мандати“.

-Во име на претседателот на Република Илир Мета најостро го осудувам кривичното дело злоупотреба на телефонски пораки, наводно во име на шефот на државата, од страна на некои идентификувани лица, кои според дадените податоци, деновиве испраќаа пораки со навредлива и заканувачка содржина упатена до некои граѓани. Овие очајни дела се авторство на оние кои ги купија и украдоа мандатите на пратениците на 25 април и сега тие не можат да уживаат во нив. Се извинуваме на сите граѓани кои добиле вакви пораки, изјави Блуши.

Поврзани новости