471
Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, преку Твитер го поздрави договорот за името меѓу Македонија и Грција потпишан вчера во Преспа, оценувајќи дека станува збор за историски договор.
„Ги охрабрувам двете влади да ја продолжат нивната силна заложба за ратификација и спроведување на договорот. ОН се обврзуваат да ги поддржат нивните напори“, напиша Гутереш.