Гутереш: 101 наш вработен е убиен досега во Газа!

by Fokus

Генералниот секретар на Обединетите Нации – Антонио Гутереш во интервју за „Си-Ен-Ен“ рече дека персоналот на ОН во Газа е загрозен.

„Бројот на жртвите се зголемува од ден на ден“, рече тој, додавајќи дека ОН изгубиле 101 човек во Газа досега.

„Не можете да замислите како е да се води организација каде што беа убиени 101 лице кои работеа исклучиво за да се справат со хуманитарните потреби на луѓето. А некои од нив беа убиени со семејствата во нивните домови од бомбардирањето“ – рече Гутереш.

Тој додаде дека утре во ОН ќе се одржи едноминутно оддавање почит.

„Ние сме семејство. Многу драматично се чувствуваме за оние од нашето семејство кои умираат. И не можете да замислите колку е тешко за мене да им кажам на нашите колеги дека мора да продолжат во оваа многу опасна ситуација“, рече Гутереш.

Поврзани новости