ГТЦ денес без вода

by Fokus

Градскиот трговски центар денеска ќе биде без вода на неодредено време. Како што информираат од ЈП „Водовод и канализација-Скопје“, причината е поради промена на вентил.

„Ве известуваме дека на ден 21.07.2023 поради промена на вентил од ф 2“ на улица 11-Октомври ГТЦ (дефект е во Стопанска банка) , прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од ГТЦ . Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:30 часот до завршување со активностите“, стои во соопштението од ЈП „Водовод и канализација“.

Поврзани новости